Приватен тутор и едукатор
Јас сум Симона, машински инженер и тутор со голема страст за учење, споделување и разменување знаење со другите. Средното образование го завршив во турскиот колеџ „Јахја Кемал“ во Скопје, а потоа студирав на Машинскиот факултет при Универзитетот Дуизбург-Есен (Universität Duisburg – Essen) во Германија. Тоа ми овозможи да ја запознаам разликата помеѓу македонскиот и германскиот образовен систем и да го искористам најдоброто од нив.
Во слободно време сакам да читам, да патувам и да истражувам нови места и култури, како и да поминувам време со семејството и пријателите. Обожавам и активности поврзани со креативност, како планирање забавни и едукативни проекти за моите ученици. Јас верувам дека човек учи додека е жив, а тоа ни дава и можност да откриваме и развиваме нови идеи и пријателства.
За ЕДУНОВА
ЕДУНОВА е институт за туторство, попознато какo Nachhilfe, кој има за цел да им помогне на учениците да се снајдат и да успеат во германскиот образовен систем. Нашиот тим составен од искусни тутори и професори, со повеќе години практично искуство, нуди индивидуален пристап при наставата и поддршка при учење, така што секој ученик може да го развие својот потенцијал и да постигне најдобри резултати.
Особено се фокусираме на ученици и нивните родители, кои се соочуваат со предизвиците на непознат образовен систем. Ние им помагаме да се снајдат во наставата, да разберат очекувањата и да се чувствуваат сигурно и поддржано. Знаеме колку може да биде збунувачко и непријатно кога не сте запознаени со начинот на учење и очекувањата во Германија.
Нашата мисија е учењето да стане помалку стресно, а повеќе забавно и инспиративно, со пријателски и доверлив однос кон секој ученик и родител.
Услуги
Наши услуги
• Индивидуални часови за возрасни
• Помош со учење и подготовка за тестови – индивидуален пристап за секој ученик, со фокус на разбирање и примена на знаењето
• Поддршка за ученици и родители кои допрва треба да посетуваат настава во Германија– нудиме насоки за да се снајдете во германскиот образовен систем
• Помош за поединечни задачи – понекогаш е потребна помош само за една задача или текст. Во било кое време, нашите тутори објаснуваат чекор по чекор, а решението го добивате во најкраток можен рок
• Настава на германски јазик според германска програма Учиме на германски јазик, според официјалната германска наставна програма, прилагодено на темпото и потребите на ученикот
• Бесплатни консултации на македонски, српски, германски, англиски, турски и руски јазик
За подетални информации и услуги, посетете ја нашата веб страна и закажате бесплатна консултација.
🌐 Веб страна: www.edunovanachhilfe.com
📧 Е-пошта: info@edunovanachhilfe.com
📞 Телефон: +49 1577 405 1932
Биди дел од нашиот тим
Ако сакаш да:
Контакт
Контактирајте ме